Нашата приказна

Приказната на Парагон не е онаа класична што почнува со прадедо-винар, па дедо, па татко… Напротив – ова е приказна за еден млад и успешен претприемач кој реши да ја следи својата љубов и страст кон виното.
Кире, инженер по професија, до 2021 година веќе беше на врвот на својата кариера – генерален директор на една од најуспешните компании за електроника и безбедност во земјата и регионот.
Дознавајќи дека винаријата „Дудин“ се соочува со сериозни предизвици и ѝ е потребна поддршка, Кире несебично решава да излезе во пресрет и да помогне. Нејзината одлична локација во еден од најдобрте вински региони во земјата, тероарот и богатото винско наследство што го носи винаријата, заслужуваа нов почеток.
И, како што често бива со новите почетоци – не беше лесно. Винаријата беше речиси пред затворање. Но со голем ентузијазам, сериозни вложувања, љубовта кон виното и целосната посветеност на енолозите Кристина и Ристо – сè доби нова енергија и правец.
Така, во 2022 година се роди Винарија Парагон.

Основана 1989

Основана со визија да ги спои традицијата и модерното производство на вино, винаријата Парагон брзо стана една од најдинамичните нови винарии во Македонија.

Тим од 9 членови

Нашиот страствен тим од агрономи, винари и љубители на вино работи заедно секој ден за да внесе карактер и конзистентност во секое шише.

15 Награди & признанија

За само неколку години, нашите вина беа препознаени на регионални и меѓународни натпревари за квалитет, иновативност и автентичност.

Запознајте го нашиот тим

Од лозја, преку подрумот, до вас – запознајте го нашиот тим зад секоја чаша.
Kiril-Lazarov-500x500
Кирлил Лазаров

ОСНОВАЧ

Kristina Angelkova
Кристина Ангелкова

ЕНОЛОГ

Ljupco-Janevski-Sastav1--500x500
Љупчо Јаневски

МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА