Приказната на Парагон не е онаа класична што почнува со прадедо-винар, па дедо, па татко… Напротив – ова е приказна за еден млад и успешен претприемач кој реши да ја следи својата љубов и страст кон виното.
Во 2021 год. дознавајќи дека винаријата „Дудин“ се соочува со сериозни предизвици и ѝ е потребна поддршка, Кире несебично решава да излезе во пресрет и да помогне. Нејзината одлична локација во еден од најдобрте вински региони во земјата, тероарот и богатото винско наследство што го носи винаријата, заслужуваа нов почеток.
Патот не беше лесен…
Наш приоритет е квалитетот во секоја фаза на процесите
Парагон е „најмладата стара“ винарија во Македонија. Основана е со идеја да создава квалитетни вина што го носат духот на традицијата и тероарот – раскажани на јазикот на модерниот љубител на вино.
Сместена во селото Криволак, во срцето на Тиквешијата – еден од најзначајните вински региони во земјата, винаријата се наоѓа на падините на Конечка Планина и во близина на реката Вардар, каде што природните услови се идеални за одгледување винова лоза…
Селекција на вина
Our Amphora wines are aged in traditional Georgian clay vessels, allowing the wine to evolve naturally and slowly.
„By the River“ е линија на сортни вина, инспирирана од локацијата на винаријата – која е веднаш покрај реката Вардар.