By the River – Мерло
420,00 ден. Со вклучен ДДВ
Ова Мерло е суво црвено вино со интензивна рубин-црвена боја. На нос се истакнуваат ароми на зрела цреша, надополнети со ноти на малина и капина, како и суптилни зачински тонови. Во вкусот е средно полно, со меки и заоблени танини и пријатна свежина што му дава одлична питкост и баланс. Завршетокот е средно долг и овошен, со нежна хербална нијанса што го надополнува впечатокот. Одлично се комбинира со паста во доматен сос, пица, полесни месни јадења, пилешко и полутврди сирења.
Тип: Суво црвено вино
Берба: 2025
Температура на сервирање: 15ºC – 18ºC
Сорти: Мерло





