За нас
Приказната на Парагон не е онаа класична што почнува со прадедо-винар, па дедо, па татко… Напротив – ова е приказна за еден млад и успешен претприемач кој реши да ја следи својата љубов и страст кон виното.
Во 2021 год. дознавајќи дека винаријата „Дудин“ се соочува со сериозни предизвици и ѝ е потребна поддршка, Кире несебично решава да излезе во пресрет и да помогне. Нејзината одлична локација во еден од најдобрте вински региони во земјата, тероарот и богатото винско наследство што го носи винаријата, заслужуваа нов почеток.
Патот не беше лесен…
Винаријата
Наш приоритет е квалитетот во секоја фаза на процесите
Парагон е „најмладата стара“ винарија во Македонија. Основана е со идеја да создава квалитетни вина што го носат духот на традицијата и тероарот – раскажани на јазикот на модерниот љубител на вино.
Сместена во селото Криволак, во срцето на Тиквешијата – еден од најзначајните вински региони во земјата, винаријата се наоѓа на падините на Конечка Планина и во близина на реката Вардар, каде што природните услови се идеални за одгледување винова лоза..
Вина
Селекција на вина
Amphora
Карактеристично за Амфора вината е што се зреени во во традиционални грузиски глинени садови.
By the river
„By the River“ е линија на сортни вина, инспирирана од локацијата на винаријата – која е веднаш покрај реката Вардар.