Paragon White Аmphora

650,00 ден. Со вклучен ДДВ

Ова суво бело вино е создадено од внимателно одбрано грозје Шардоне и Грашевина и зреело во традиционални грузиски амфори. Виното има жолтеникава боја со златни нијанси и изразена хербална и минерална ароматика, надополнета со бели цветови, праска и круша. Во комплексниот букет се јавуваат и суптилни тонови на мед кои дополнително го збогатуваат. На вкус е полно, со балансирана свежина и кремаста текстура, која се заокружува во долг, елегантен и благо минерален завршеток. Се сервира на 10–12°C и одлично се комбинира со богати рибни специјалитети, морски плодови, пилешко месо и ароматични сирења.

Тип: Суво бело вино

Берба: 2023

Препорачана температура за конзумирање: 10ºC – 13ºC

Сорти на грозје: Шардоне и Грашевина

Категорија Ознака: Brand: